И во Штутгарт како во Милан, имаат старт и традиција за титула

Штутгарт има две победи на гостувањата во Бундеслигата во новата сезона и навивачите на петкратниот германски првак веднаш се потсетија на првенството од 2006/07, кога за последен пат се радуваа на пехарот.

Екипата чиј член е нашиот репрезентативец Дарко Чурлинов сезонава се врати во Првата германска лига и победи на првите две гостувања против Херта и Мајнц, а стартот им е идентичен на тој пред 14 години, кога го престигнаа Шалке 04 за два бода и ја освоија петтата шампионска круна во клупската историја.

https://twitter.com/Bundesliga_EN/status/1318157958472237058?s=20

Сега секако ќе биде потешко во конкуренција на доминантниот тим на Баерн Минхен, потоа и на лидерот Лајпциг, Борусија Дортмунд и уште неколку екипи што се поквалитетни од Штутгарт, но добрите игри на новиот бундеслигаш ги подгреаја надежите на големата армија симпатизери да се надеваат на чудо и реприза од пред 14 години.

 

- Оглас -

Најнови вести