Сити и Интер ќе постигнат гол во финалето на ЛШ, интересни мечеви има во Бразил, Еквадор, Исланд и Шведска

6001 Манчестер сити – Интер (21 ч.)

За Манчестер сити ова е можеби најважниот меч во клупската историја. Клубот кој има повеќе од еден век традиција, верува дека е дојдено време да стигне до првата титула европски првак.

Интер има три континентални титули, но овојпат Нераѕурите се во улога на аутсајдери. Сепак, ова е финале, па и аутсајдрот нема што да загуби, а секако дека Интер е тим со квалитет и нема лесно да се предаде, па може да очекуваме погодоци во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ3+ (2.40)

 

4241 Коритиба – Сантос (21 ч.)

Коритиба е единствениот тим кој нема ниту една победа по девет кола во бразилското првенство. Сантос е екипата која игра најцврст фудбал со малку погодоци, но и Сантос се нема израдувано на триумф во последните седум средби.

На пет од последните шест меѓусебни дуели на овие екипи имало од 2-3 погодоци.

Предлог тип: 1Х&2-3 (2.90)

 

4673 ЛДУ Кито – Кумбаја (22:30 ч.)

Домаќините се фаворити и моментално се на второто место во првенството на Еквадор. Кумбаја во последните седум средби нема победа (четири порази и три нерешени), а дури пет пати играле со максимум еден гол.

Во минатата сезона Кито два пати славеше над Кумбија и тоа без да прими гол. И сега ЛДУ Кито е фаворит за победа.

Предлог тип: 1 &0-3 (1.98)

 

2845 Хафнарфјордур – Бреидаблик (17 ч.) 

Две екипи од првенството во Исланд кои се во горниот дел од табелата и играат отворен фудбал со многу погодоци. На 10 од последните 11 средби на Хафнарфјордур имало барем по три погодоци.

Бреидаблик е во одлична форма и на последните 10 меча има осум победи и две нерешени.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.84)

 

2604 Варберг – Халмстад (17:30 ч.)

По 11 кола во шведското првенство екипата на Варберг е единствена без ниту една победа (освои пет бода), додека Халмстад игра солидно и има освоено 16 бода.

Во една ваква ситуација гостите се фаворити и Халмстад е тимот кој треба да нападне.

Предлог тип: Т2 1+ I & 1+ II (4.20)

 

- Оглас -

Најнови вести