Бугарските медиуми не реагираат жестоко на одлуката на францускиот судија Жереми Пињар да не досуди пенал во последните моменти за домаќините на мечот во Разград и се задоволни со освоениот бод по ремито 1:1.
„Топката го удри Муслиу во лактот, но Пињар одлучи да ја смени одлуката. Важно е дека Бугарија ја сопре самоуверената Македонија. Ни се закануваа со сигурен пораз, но не успеаја“, пишуваат новинарите на „Гонг.бг“.
Слични се реакциите и на останатите спортски медиуми во Бугарија и сите се задоволни со освоениот бод, до кој стасаа со само едне директен удар кон голот на Столе Димитриевски.
Македонија беше подобра, израмни со погодокот на Милан Ристовски во 50. минута, но не успеа да победи.
Ова беше премиерниот меч за нас во четвртата група од Ц сегментот во новото издание на Лигата на Нации.
Ни лседува гостување во Гибралтар на петти јуни, па меч со Грузија дома на 9, јуни и нов мечсо Гибралтар на 12. јуни во Скопје.