И тенисот може да биде опасен спорт: Доби нокаут од топче (Видео)

Францускиот тенисер Николас Махут доживотно ќе го памти финалето на Вмблдон во машки двојки. Без разлика дали ќе победи или не, Махут  ќе го памти моментот кога доби топче во глава кое буквално го нокаутираше. Се играше првиот сет, кога Махут сакајќи да одбрани еден смеч на противникот, доби топче директно во главата.

Тенисерот падна како покосен, а публиката занеме. Веднаш реагираа и докторите, а Махут доби неколкуминутна лекарска помош. На крајот, тенисерот успеа да собере сили и да го продолжи финалето.

https://youtu.be/gEO3PwG9vHU

 

- Оглас -

Најнови вести