И тоа е можно, скопјанец од Бутел со уплата од 50 денари, заработи речиси 700.000!

Како со уплата од 50 денари, да направите добитен тикет кој носи 696.216 денари? Прашајте го човекот кој вчера успеа во ова, уплаќајќи тикет во објект на Sport Life во скопската населба Бутел. На тикетот има „само“ седум натпревари, а храбриот прогнозер со скромната уплата дојде до добивка за која може само да му се честита.

Тој има погодено и квота 8, за играта „еден во еден“ и 3-5 гола на мечот од чешката втора лига Тринец – Баник Соколов. Домашните водеа на полувреме благодарение на гол во 41-вата минута. Прогнозерот „намириса“ и 2-3 гола во првото полувреме на средбата од англиската Шампионат лига помеѓу ВБА и Хал. На пауза, резултатот беше 2-1. Истата игра беше и за дуелот Молде – Мјондален, на кој домашните имаа предност од 2-0 по првите 45 минути.

Погодена квота од 4.40 му донесе дуелот од португалската прва лига помеѓу Тондела и Фамаликао. Типот е победа на гостите и дека во второто полувреме ќе има повеќе голови. Фамаликао до победа од 1-0 дојде со гол во второто полувреме. Уште поголем коефициент, од 6.50, имаше за мечот Луцерн – Тун, каде што прогнозерот бркаше двојна победа на домашните. Луцерн славеше со 3-0, првото полувреме го доби со 2-0, а второто со 1-0. За крај остана да се моли дека нема да падне повеќе од еден гол на мечот Малага – Албасете и, за негова среќа, мечот од втората шпанска лига финишираше 0-0.

Сите овие седум точни прогнози на прогнозерот од Бутел му донесоа супер добивка од 696.216 денари.

СТРУМИЧАНИ ИМАА ПРОГНОЗЕРСКИ УСПЕШЕН ВИКЕНД БЛАГОДАРЕНИЕ НА 94-ТАта МИНУТА, МАРИБОР И ЈАНГ БОЈС ДОНЕСОА РАДОСТ ВО КУКЛИШ

Во објектот на Sport Life во селото Куклиш кај Струмица еден многу среќен прогнозер имаше добивка од 83.387 денари, и тоа за минимална уплата од 20 денари. Овој прогнозер ги погодил исходите на седум меча, и тоа комбинација полувреме-крај со три или повеќе голови. Тој претчувствувал многу голови на мечевите Вилјареал – Барселона, Марибор – Мура, Бодо/Глимт – Бран, Сент Гален – Сион, Јанг бојс – Лугано, Волфсбергер – Рапид Виена  и Спарта Прага – Јаблонец.

Марибор и Јанг бојс до победи дојдоа со голови во 94-тата минута.

Во уплатното место на Sport Life Струмица 2, еден играч со уплата од 100 денари, заработи 116.037 денари бидејќи ги погоди сите 13 мечеви кои се најдоа на тикетот. Овој прогнозер за 11 меча точно типувал конечен тип, а по еден погодил дека ќе има барем три гола (Лацио – Милан) и дека двата тима ќе дадат гол (Селта – Бетис).

Најкритична му била единицата на Фулам – Бирмингам, голот за победа падна во 94-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести