И тоа е ракомет: Цел меч дадоа само еден гол !

Додека ја чекаме завршницата на Европското ракометно првенство, во Бразил се играат квалификации за пласман на СП, кое во 2021 година ќе се игра во Египет. На репрезентацијата на Боливија не ѝ оди најдобро во квалификациите. На првиот меч Боливија загуби со неверојатни 82:7 од Аргентина, а и следните два резултати не се ништо помалку чудни.

Домаќинот Бразил славеше со 77:9, а Боливија денеска повторно неславно се истакна. Уругвај немаше милост со овој ривал и победи со 55:1. Иако звучи неверојатно, Боливија во првото полувреме не даде ниеден гол, а прими 24, додека резултатот во вторите 30 минути беше 31:1 за конечни 55:1.

Вкупно во три меча, Боливија прими 214 голови, а даде само 17.

- Оглас -

Најнови вести