И тоа го има, кенгури со предаторски инстинкт

Австралија со три победи од исто толку меча го потврди пласманот во втората фаза од Мундобаскетот во Кина. Денес Кенгурите славеа со конечни 87:83 над Литванија во битката за првата позиција во групата Х, по тесна и неизвесна битка која се одлучи во последните секунди од четвртиот период.

Фантастичното прво полувреме на Австралијците им донесе двоцифрена предност, што требаше да го уплаши составот на Литванија. Но, се случи сосема спротивното. Кош по кош и одличната серија од 11-0 на почетокот од последните 10 минути ги врати Литванците во игра. Сепак, нивната резулатска контрола траше многу кратко бидејќи главното оружје (шутот) на Кенгурите им проработе во клучните моменти.

Пети Милс повторно се истакна како најдобар со 23 поени, Бејнс придонесе за третата победа со дабл-дабл од 21 поен и 13 скока. Кај Литванците со најголем број поени заврши Григонис, 19, додека Лекавичиус постигна 15 поени.

- Оглас -

Најнови вести