И тоа се случи: Хари Кејн се израдува на шампионски пехар (Видео)

По освојувањето на титулата минатиот викенд, Баерн Минхен вечерва и официјално го подигна шампионскиот трофеј од Бундеслигата пред домашната публика. За Хари Кејн ова беше прво такво искуство во кариерата. Тој конечно успеа да подигне шампионски пехар.

На самиот натпревар, Баварците рутински славеа против Борусија Менхенгладбах со 2-0 благодарение на головите на Хари Кејн и Мајкл Олисе. Сепак, резултатот падна во втор план, сите очи беа вперени кон прославата што следеше.

Особено емотивно беше за Томас Милер, кој ја имаше честа, иако не е капитен, да го подигне пехарот од рацете на Мануел Нојер. Ова беше негово 13-то и последно шампионско славје со Баерн, откако по крајот на сезоната ќе го напушти клубот во кој ја мина целата досегашна кариера. Пред натпреварот, Милер доби пригоден подарок од клубот, а навивачите се простија од него со транспаренти и аплауз.

- Оглас -

Најнови вести