И тоа се случи во Шпанија: Прекинат меч поради навреди кон играч (Видео)

Мечот меѓу Рајо Вајекано и Албасете во втората шпанска лига не го дочека крајот откако гостинските фудбалери не сакаа да се вратат на теренот. По првите 45 минути, резултатот беше 0:0, кога во последните секунди од првото полувреме беше доделен црвен картон за еден играч на Албасете.

Исклучувањето не е причина за прекинот, туку навредите кои домашните навивачи ги упатија кон Украинецот Роман Зозулија. Фановите на Рајо кон Украинецот скандираа „Е*ан нацист“. Поради овие нареди, гостите решија да не излезат на теренот во второто полувреме, а по еден час чекање, судијата покажа дека дуелот е прекинат.

- Оглас -

Најнови вести