И ВАР одлучуваше – Жиру се „уцапа“ во офсајд, Манчестер јунајтед го победи Челзи (Видео)

Со головите на Антони Марсијал и на Хари Мегваер, Манчестер јунајтед го победи Челзи во дербито на 26-тото коло што се играше вечерва.

https://twitter.com/LiveX777/status/1229507296549646338?s=20

И домаќините на „Стемфорд бриџ“ постигнаа два гола, но беа поништени, а Челзи блиску до почесен погодок беше во 77-мата минута, но Жиру беше за влакно во офсајд.

Image

Гол постигна и Курт Зума во 57-мата минута, но и тој беше поништен по консултација со ВАР-системот, па Челзи остана и без гол и без бодови.

 

 

- Оглас -

Најнови вести