И Велс и Иран добија пенал во првото коло, како ќе биде во меѓусебниот дуел и дали конечно ќе видиме прв црвен картон на Мундијалот?

Специјалниот сингл на дуелот Велс – Иран нуди можност за утрински возбудувања на Мундијалот. Велс е без победа на последните шест средби, иако дури на пет дуели постигнувал барем по еден гол.

Иран прими дури шест гола во првото коло од Англија, кога само по неколку минути останаа без главниот адут во одбраната, голманот Алиреза Беранвард.

Герет Бејл е прва ѕвезда кај Велс и погоди пенал против Велс, додека напаѓачот на Порто, Мехди Тареми, со двата постигнати гола против Англија покажува дека е во одлична форма и главен адут на Иран. И Тареми даде еден погодок од белата точка, па логично е токму овие двајца играчи да бидат меѓу фаворитите за постигнување и на првиот погодок на средбата.

Според квотите, Велс има поголеми шанси прв да добие пенал, а мали се шансите токму на овој меч да биде покажан првиот црвен картон на турнирот. Комбинацијата Велс да добие пенал, а Иран црвен картон носи примамлива квота од 11.

На специјалните синглови секогаш може да се обложите и на тоа во кој период од мечот ќе биде постигнат првиот гол, потоа колку корнери ќе има, а да биде уште поинтересно, може да „броите“ и удари во рамките на голот, жолти картони, офсајди, фаули.

- Оглас -

Најнови вести