И во боксот има „судиски грабежи“: Ѕвончето порано означи крај и го спаси од пораз (Видео)

Британскиот боксер Даниел Дубиос славеше над Кевин Лерена од Јужна Африка со технички нокаут во третата рунда, но овој меч предизвика многу контроверзии и прашање е дали Дубиос заслужи да победи.

Дубиос има 25 години и се смета како голема боксерска надеж на Велика Британија, а синоќа против Лерена имаше голема помош од организаторот за да стигне до победата. Што се случуваше?

Во првата рунда Лерена започна одлично и успеа дури три пати да го прати противникот на подот. Дубиос делуваше дезорјентирано, немаше сила и едноставно беше пред пораз. Сепак, спасот за Британецот дојде од судијата кој го мери времето за траење на рундите, откако означи крај на првата рунда и тоа девет секунди порано.

Во тие моменти Дубиос беше на подот, судијата му одбројуваше, а Британецот немаше сили да се исправи и да продолжи. Неколку моменти пред судијата да стигне до одбои до 10, се слушна ѕвончето за крај на рундата, иако според часовникот на ТВ преносот, остануваа уште девет секунди.

Доколку ѕвончето не се огласеше, Дубиос секако ќе загубеше, но вака Британецот доби шанса да се одмори, да се врати во борбата и потоа со еден одличен удар во третата рунда го нокаутираше противникот, а судијата ја прекина борбата.

На тој начин, Дубиос стигна до 19-тата победа во кариерата и го сочува шампионскиот појас во ВБА регулар во тешка категорија. Британецот има само еден пораз. Од друга страна, за Лерена ова беше само втор пораз во кариерата, во која има дури 28 победи.

 

- Оглас -

Најнови вести