Ибра држи еден рекорд во ЛШ кој уште долго нема да биде урнат

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората, со погодокот кој го постигна синоќа против Баер Леверкузен, стана десеттиот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите кој дал голови за четири различни клубови.

Мората во ЛШ има давано барем по еден гол во дресовите на Реал Мадрид, Јувентус, Челзи и Атлетико Мадрид. Мората е првиот играч во историјата кој постигнал голови во елитното европско натпреварување за двата мадридски ривали.

За четири различни екипи, низ историјата погодувале и Анелка, Балотели, Дани Алвес, Ето, Фернандо Љоренте, Мориентес, Робен, Савиола и Шурле.

Пред нив е Ернан Креспо, кој давал голови за пет различни тимови, а рекордер е Златан Ибрахимовиќ со шест. Швеѓанецот во ЛШ има давано голови за Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан и ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести