Ибра: Не ми се веруваше кога во Манчестер јунајтед клубот ми наплати за еден сок

Златан Ибрахимовиќ неодамна ја издаде својата автобиографска книга во која открива многу пикантерии од кариерата, која му трае повеќе од две децении. Популарниот Ибра настапуваше за многу елитни клубови, а еден период помина и во Манчестер јунајтед.

Токму за времето поминато на „Олд Трафорд“, Ибрахимвиќ сфатил дека Манчестер јунајтед е клуб со ситен карактер.

„Бевме со тимот во хотел и пред мечот сакав да се напијам нешто. Го отворив мини барот во собата и зедов еден природен сок. Го загубивме мечот и си заминавме дома. Помина време, а потоа дојде платата,. Обично не обрнувам внимание на тоа, но овојпат се заинтересирав. Видов дека од клубот ми го наплатиле сокот што го испив во хотелот. Можете ли да верувате?“, пишува Ибрахимовиќ во својата книга.

Ибрахимовиќ вели дека додека бил во Манчестер, секој ден кога доаѓал во тренинг-центарот, морал да покаже идентификација за да влезе.

„Внимаваат на сите детали. Секој ден ми бараа документ за да влезам во базата. Еден ден го отворив прозорецот и му реков на човекот: „Слушај пријателе. Јас тука доаѓам секој ден. Фудбалер сум и ако не ме познаваш, ти не си за оваа работа.“, открива Ибрахимовиќ, кој и со полни 40 години е еден од најдобрите во Милан.

- Оглас -

Најнови вести