Ибра преку видео порача дека е подготвен да игра против Јуве, но… (Видео)

Во досега одиграните мечеви од Топ 5 европските првенства, само еден тим не ја почувствувал горчината на поразот, а тоа е Милан. Росонерите се лидери во Серија А, но имаат само еден бод повеќе од градскиот ривал Интер, па секој кикс може да ги симне од челната позиција.

Милан утре го очекува најтешкиот тест од сезоната бидејќи за противник ќе го имаат шампионот Јувентус. Старата дама која доминира во последните девет години ќе гостува на „Сан Сиро“, а домаќините со победа треба да потврдат дека имаат шампионски амбиции.

Главна неизвесност пред дербито е дали на теренот ќе се појави Златан Ибрахимовиќ. Првата ѕвезда на Милан повеќе од месец е на рехабилитација од повредата. Популарниот Ибра очекува дека ќе биде во стартниот тим, а синоќа и со видеоклипот пуштен на социјалните мрежи како да сака да најави дека е подготвен за настап. Во описот Златан напиша „тик-так, тик-так“, како да одбројува до неговото враќање на теренот.

Сепак, главниот збор за тоа дали Ибрахимовиќ ќе игра на дербито ќе биде на тренерот Стефано Пиоли во консултации со лекарскиот тим.

 

- Оглас -

Најнови вести