Ибра за малку ќе бил убиен во соблекувална од соиграч

Еден од најдобрите напаѓачи во изминативе 20 години, Златан Ибрахимовиќ бил на неколку сантиметри од смртта или во најмала рака од тешка повреда, по еден инцидент кој се случил во 2003 година. Златан тогаш како играч на Ајакс, по еден пораз во дербито со ПСВ Ајндховен, во соблекувалната имаш жестока расправија со соиграчот Мидо.

Двајцата започнале да се навредуваат, а потоа египетскиот голгетер направил нешто неочекувано. Мидо земал ножици и фрлил во правецот кон Ибрахимовиќ. Ножиците поминале неколку сантиметри до Ибра и завршиле забодени во ѕидот. Ибрахимовиќ го потврдува овој инцидент во својата автобиографија, а истото го потврдува и Мидо.

„Десет минути по инцидентот заминав на туширање. Златан беше во џакузито. Се погледнавме и двајцата започнавме да се смееме. Му реков: „Дали знаеш дека можев да те убијам“. Златн ни зсмеење ми одговори дека бил свесен за тоа колку сериозен бил инцидентот“, се присетува Мидо, кој кратпо по инцидентот си замина од Ајакс и направи трансфер во Селта Виго.

 

- Оглас -

Најнови вести