Ибрахимовиќ: Донарума е најдобар голман на светот!

Напаѓачот на Милан, шведската легенда Златан Ибрахимовиќ, смета дека голманот Џанлуиџи Донарума кој е негов клупски колега, е најдобар чувар на мрежа на светот.

„Џиџи е најдобар голман на светот,  но никогаш не сум му го кажал тоа. Мора да ја задржи амбицијата. Не е нормално што тој никогаш не настапил на натпревар од Лигата на шампионите“ – вели популарниот Ибра.

Договорите на 21-годишниот Донарума и на ветеранот Ибрахимовиќ истекуваат на крајот на јуни. Денеска за голманот на Росонерите дојде лоша вест дека нема да брани во четвртфиналето на Купот на Италија против градскиот ривал Интер. Донарума доби суспензија од еден меч поради црвениот картон против Торино во осминафиналето.

- Оглас -

Најнови вести