Ибрахимовиќ го засили Хамарби

Златан Ибрахимовиќ го засили Хамарби, но не како играч, туку како дел од сопственичката структура во популарниот шведски клуб.

Засега нема да игра за третопласираниот клуб во Шведска, иако и тоа не е исклучено бидејќи има понуди од Милан и од Болоња.

Популарниот Ибракадабра вели дека сака, пред сè, да направи најдобра фудбалска академија во Скандинавија во Хамарби.

„Има и пари и контакти и сакам да направиме клубот да има светла иднина. А, иднината е во младите играчи, па ќе се обидеме сите во клубот да развиеме одлична скаутинг мрежа за да направиме најсилна младинска академија во Скандинавија. Клубот многу ми се допаѓа, имаат фантастични навивачи и заслужија респект не само во Стокхолм, туку во цела Шведска“, изјави Златан.

Тој сè уште чека да завршат преговорите со Милан, кој е најконкретен со понудата и речиси сигурно ќе продолжи во Серија А, по завршувањето на авантурата во МЛС лигата и настапите за Лос Анџелес галакси.

- Оглас -

Најнови вести