Ибрахимовиќ и Матераци влегоа во „војна“, во која се вклучи и Пандев (ФОТО)

Златан Ибрахимовиќ покрај тоа што е познат по фудбалската интелигенција што ја поседува, тој знае да направи и некоја несмасна реакција во вид на повредување фудбалер.

Во својата книга којашто ќе ја издаде наредната година и се вика „Мојата неискажана приказна“, тој пишува за една случка со Марко Матераци.

„Матераци одеше да ме повреди и јас го знаев тоа бидејќи имавме долги пресметки низ годините и му платив сè на дербито.

Влезе на терен, го сочекав и намерно го удрив со лакт во главата, па потоа тој молчеше целиот натпревар“, стои во книгата на Ибра.

Матераци откако ја дозна оваа реченица, на својот инстаграм-профил објави слики од титулите во Лигата на шампионите и Светското првество, алудирајќи на тоа дека Ибрахимовиќ нема освоено ниту една од нив.

Тој исто така напиша „Пост без глас“, а интересно е што тоа го има „лајкнато“ и Горан Пандев, кој своевремено беше соиграч со Матераци во Интер, и тоа само неколку месеци по заминувањето на Ибрахимовиќ во Барселона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести