Ибрахимовиќ: Манчестер јунајтед не е толку голем клуб како што се мисли, имаат затворен менталитет

Шведската фудбалска ѕвезда Златан Ибрахимовиќ, кој за себе мисли дека е најдобар на светот, нема влакна на јазикот и отворено зборува на сите теми, а во својата втора автобиографска книга „Адреналина“, има еден дел посветен на Манчестер јунајтед, клубот за кој Ибра настапуваше од 2016 до 2018 година.

Тоа што Златан го напиша за Црвените ѓаволи, нема да им се допадне.

„Ме изненади една работа. Сите за Јунајтед мислат дека е топ клиб, еден од најмоќните на светот, и мене ми изгледаше така кога гледав од страна. Но, кога бев таму, открив мал, затворен менталитет“ – објаснува Ибра кој наведе еден пример.

„Еден ден бев во хотел со тимот пред натпревар. Ожеднев, па го отворив мини-барот и зедов овошен сок. Игравме, си заминавме дома, помина некое време, добивме плата која обично не ја проверував. Но, бев радознал, и видов на сметката дека од платата ми е одземена една фунта. Јас во хотелот не бев на одмор, тоа беше мое работно место. Морав да пијам, не можев на терен да излезам дехидриран“ – вели Златан, на кого никогаш не му се случило во Италија да му наплатат за џус.

- Оглас -

Најнови вести