Ибрахимовиќ: Не сакам да се вратам во Италија само да ме гледаат како животните во зоолошка градина

За нешто повеќе од два месеци истекува договорот на Златан Ибрахимовиќ во Лос Анџелес галакси. Речиси сигурно е дека Ибра ќе си оди од САД, но не се знае каде ќе ја продолжи кариерата. Повеќе клубови се интересираат да го доведат во своите редови, меѓу кои се Бока јуниорс, Манчестер јунајтед, но и неколку клубови од Италија.

Ибрахимовиќ имаше одлична кариера во Италија, каде играше за Јувентус, Интер и Милан и секаде беше одличен на теренот. Запрашан за тоа дали би сакал да се врати во Серија А, популарниот Ибра во свои стил објасни дека неговата амбиција е да игра во клуб кој ќе се бори за трофеи, а не да дојде да игра во клуб само за да се збори дека Златан е дел од тој клуб.

„Имам 38 години, но уште како дете сум ентузијаст и со таа иста желба за победа сум во текот на целата кариера. Засега уште не размислувам за мојата иднина, а одлуката за тоа каде ќе играм, ќе ја донесам по разговор со моето семејство. Сакам да продолжам да играм, а Италија е мојот втор дом. Сите понуди внимателно ќе ги разгледам, но моја цел е да се борам за трофеи. Ако се вратам во Серија А, сакам да се борам за Скудетото, а не некој да ме повика само затоа што сум Ибрахимовиќ. Уште можам да направам разлика на теренот. Не сум животно во зоолошка градина, па луѓето да доаѓаат само за да ме видат“, вели Ибрахимовиќ кој вели дека иако има 38 години, се чувствува одлично и е подготвен за нови предизвици.

 

- Оглас -

Најнови вести