Ибрахимовиќ се врати на терените и го собори рекордот на Костакурта

Екипата на Милан со триумфот од 2:0 над Аталанта ја продолжи победничката серија, а натпреварот го одбележа и враќањето на Златан Ибрахимовиќ на терените, кој веднаш собори рекорд.

Ибрахимовиќ во 74-та минута влезе во игра на местото на Оливие Жиру и со 41 година и 146 дена, стана најстариот фудбалер на Милан во Серија А откако за победа се добиваат три бода.

Пред Златан, најстар фудбалер кој го носел дресот на Росонерите беше Алесандро Костакурта со 41 година и 25 дена.

Ова беа први минути за Ибраимовиќ сезонава, откако во мај минатата година заработи тешка повреда на коленото и на ахиловата тетива. Потоа беше опериран и рехабилитацијата му траеше сè до минатиот месец, кога се приклучи на тренинзите на првиот тим на Милан, а вечерва ги одигра првите минути сезонава.

- Оглас -

Најнови вести