Ибрахимовиќ со загонетка за фановите: Јас само се загревам

Златан Ибрахимовиќ упати интересна порака на Твитер, во која кусо вели: Јас само се загревам. Ќе продолжи ли да игра 38-годишната жива легенда на светскиот фудбал на врвно ниво, или ова е само загревање за ново поглавје во неговата кариера?
Пристигна во Милан лани во декември со кусорочен договор од шест месеци, односно до крајот на оваа сезона, со можност истиот да се продолжи за уште еден циклус натпревари во 2020/21.

Иако како познат бунтовник ја критикуваше состојбата во таборот на Росонерите, сепак на Милан одлично му оди по рестартот на сезоната, односно во финишот на италијанското првенство, па можно е Ибра и да го продолжи престојот во Милано.

Од друга страна во ноември лани купи нешто повеќе од 23 посто од акциите во шведскиот клуб Хамарби, па можно е и да се врати како играч во родната земја барем за уште една сезона.

Пораката е испратена, а што точно значи знае само големата легенда на светскиот фудбал.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести