Иџе Стефановски е цар, победи и во Чешка (Фото)

Македонскиот автомобилист Игор Иџе Стефановски ги надмина сите проблеми на трката во Чешка од ФИА шампионатот на Европа и успеа прв да ја мине целта и да победи.

Стефановски на стартот на трката имаше проблеми со своето возило Хјундаи, но ги прегрме успешно сите искушенија и успеа да слави убава победа.

Стефановски е во топ-форма и ова му е втора победа по ред, по таа во Брага, Португалија, а претходно беше втор на трката во Франција.

- Оглас -

Најнови вести