Напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго Гоес, би можел да се пресели во англиската Премиер лига.
Според некои информации, Челзи веќе започнал разговори со Реал Мадрид во врска со евентуален трансфер на Бразилецот. Лондонскиот клуб е подготвен да го купи Родриго уште во јануари, а не им е проблем да почекаат и на крајот од сезоната.
Родриго сезонава е резервист во Реал Мадрид и не е задоволен од улогата. Реал не прифаќа позајмица на 24-годишникот туку само продажба, а Бразилецот рекол дека од Кралскиот клуб би се преселил само во некој англиски клуб.

