Иднината на Солскјер во Манчестер јунајтед е неизвесна, а сè ќе зависи од одлуката на еден човек (ФОТО)

По дебаклот од Ватфорд, клупата на Оле Гунар Солскјер се „тресе“ како никогаш досега.

Тренерот на Манчестер јунајтед во наредните часови ќе дознае дали ќе остане на клупата на овој тим, или пак ќе „лета“ по последната катастрофална претстава.

Според информациите до кои дојде познатиот спортски новинар, Фабрицио Романо, тој вели дека раководството на клубот е поделено со мислењата за тоа дали треба Оле да добие отказ.

А воедно и дека во наредните часови сето тоа ќе зависи од газдата на тимот, Џоел Глејзер кој ќе го има последниот збор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести