Игра одлично на Копа, цената си расте – Барселона му нуди 112 милиони евра на Интер за Лаутаро Мартинес

Барселона сакада да го ангажира 21-годишниот аргентински репрезентативец Лаутаро Мартинес, а според информацијата на „Радио Ла Ред“ понудата е одлична и изнесува 112 милиони евра.

Лаутаро моментно е на Копа Америка и игра одлично за Гаучосите, кои се пласираа во полуфиналето и ќе се судрат со вечниот ривал Бразил.

Голема предност на шпицот на Аргентина е што има само 21 година, а во континуитет напредува, откако во Интер пристигна од редовите на аргентинскиот клуб Расинг.

На ова издание на Копа Америка Мартинес постигна два гола и е на делба на врвот на листата со најдобри стрелци, а вкупно во 10 настапи за аргентинската репрезентација има постигнато шест гола.

Во јули лани Интер плати за Мартинес 22.7 милиони евра, а напаѓачот потпиша петгодишен договор со популарните „нероаѕури“.

 

 

- Оглас -

Најнови вести