Игра за Перуџа, а платата мора да ѝ ја даде на Северна Кореја

Хан Кванг сонг е 20-годишен фудбалер на Перуџа во италијанската Серија Б, таму игра како позајмен од Калјари, но интересно за него е што платата која ја добива тој е принуденда ја даде во неговата татковина, Северна Кореја.

Хан ќе биде најдобриот фудбалер од таа земја на Азиското првенство кое е во тек (денеска играат со Саудиска Арабија).

Во 31-вото коло од сезоната 2016/17, Хан му даде гол на Џо Харт од Торино и стана првиот играч од Северна Кореја кој постигнал гол во Серија А. За него се интересираа Арсенал и Јувентус. Потоа беше позајмен во Перуџа, а на дебито даде три гола против Виртус Ентела и тие голови се користат за пропаганда во оваа азиска држава.

Од телевизијата РАИ сакаа да му прават интервју, но дојде забрана од властите во Пјонгјанг. Хан од својата плата задржува само 1.500-1.600 месечно, останатите пари ги дава за владата во Северна Кореја. Нема избор, мора така да биде.

- Оглас -

Најнови вести