Играат на голови и заработуваат неверојатни добивки

Играњето на голови станува омилена тактика на обложувачите да стигнат до големи добивки. Еден од мајсторите изминатиов викенд доаѓа од скопскиот Чаир, каде што на тикет уплатен само со 20 денари успеа да заработи 390.565 денари.

Вкупно 13 мечеви има на тикетот и сите се одиграни на голови. Дел од мечевите се играни на погодоци постигнати во првото и второто полувреме, а еден дел е на вкупно погодоци на мечот.

НЕМАШЕ НИЕДНА ДРАМА, СИТЕ 13 ДУЕЛИ БЕА ПЕРФЕКТНО ПОГОДЕНИ И ДОБИВКАТА Е НАД 6.000 ЕВРА

Пет меча се одиграни на 1-3 I & 1-3 II, и тоа: Барселона – Елче 3:2 (2:0), Севилја – Атлетико Мадрид 2:1 (1:1), Хамбургер – Шалке 1:1 (1:0), Болоња – Јувентус 0:2 (0:1), Галатасарај – Башакшехир 1:1 (0:1). Со 1+I&2+II се погодени средбите: Херта – Борусија Дортмунд 3:2 (0:1), Калјари – Удинезе 0:4 (0:2) и ТНС – Пенибонт 3:2 (2:1).

Четирите наптревари кои се одиграни 3+ се од холандското првенство, и тоа: АЗ Алкмар – Вилем Втори 4:1, Спарта Ротердам – Витесе 2:2, Хераклес – Гронинген 4:2, Цволе – Твенте 1:3.

И ВО РАДОВИШ СО 13 МЕЧА ИМА ДОБИВКА НАД 300.000 ДЕНАРИ

Одличен тикет во комбинација на конечен резултат со голови е добитен во Радовиш. Погодени се победите на Арсенал на гости кај Лидс (4:0), Барселона против Елче (3:2), Блекбурн – Бирмингам (4:0), АЗ Алкмар – Вилем Втори (4:1), Лацио – Џенова (3:1) и Тулуз – Ним (4:1).

Спортинг со гол во 93-тата минута стигна до победа од 3:0 на гости кај Жил Висенте за да биде погодено Х2&3+. Спарта и Витесе одиграа 2:2 за Х2&1+ I, а голот што Ајнтрахт го даде во првото полувреме беше доволно за да се погоди 1Х&1+I. Нирнберг лесно со 3:1 славеше кај Ауе.

Јувентус даде по еден гол во двете полувремиња, точно толку за да биде погодено 1+I&2+, а лесно беше погодена и голеадата на Аталанта – Рома (1:4).

КОМБИНАЦИЈА НА УПЛАТА ВО ЖИВО И ПЛУС СЕДУМ МЕЧА ДОНЕСОА 200.000 ДЕНАРИ

Во Ново Лисиче со 100 вложени денари, обложувач си заработи 217.000 денари, и тоа на реални прогнози. Погодена е победата на Јувентус, триумфите на Арсенал, Барселона и Цирих во мечеви со многу голови, како и тоа дека ќе има барем по два погодоци во првото поувреме на средбите Рајо Вајекано – Алавес (2:0), Аталанта – Рома (1:2), Хераклес – Гронинген (2:1).

СО ИГРА НА ГОЛОВИ ДО 200.000 ДЕНАРИ И ВО ТАФТАЛИЏЕ

Тактика на играње само на голови, и тоа некои мечеви ГГ3+, а некои само 3+ донесоа безмалку 200.000 денари на обложувач од Тафталиџе и тоа само со 100 вложени денари.

- Оглас -

Најнови вести