Играч на Барса кој е позајмен на Валјадолид, позитивен на ковид-19

Пред враќање на групните тренинзи, шпанските прволигаши мора го следат протоколот според кој тестирањата за вирусот ковид-19 се неопходни. По првата рунда тестови се потврдија неколку заразени во Ла Лига и Сегунда, а денес се појави уште еден случај во најелитното шпанско натпревување.

Се работи за Матеус Фернандес, играчот на Барселона, кој од февруари годинава му е позајмен на Реал Валјадолид. Бразилецот веднаш е сместен во карантин и во 14 дена ќе се следи неговата ситуација. Лоши вести за фудбалерот кој во Валјадолид пристигна да собира искуство, но не успеа да запише настап за тимот пред прекинот на сезоната.

Фудбалерите во Ла Лига засега тренираат индивидуално, а од 18 мај ќе почнат со групни тренинзи во пресрет на најавеното продолжување на сезоната кое се очекува да биде на почетокот од јуни.

- Оглас -

Најнови вести