Играч на Фиорентина со видео докажува дека голот на Ибрахимовиќ требаше да се поништи (видео)

Милан вчера со пресврт од 3-2 успеа да триумфира на гостувањето кај Фиорентина, мечот во кој и Златан Ибрахимовиќ се запиша во листата стрелци првпат по двонеделната пауза поради повреда.

Швеѓанецот погоди за 1-0 во деветтата минута, а воедно избегна поништување на неговиот гол поради спорна ситуација неколку секунди претходно. Имено, Ибрахимовиќ го турна домашниот дефанзивец Герман Пецела и така си игради простор да тргне кон противничкиот гол откако ја освои топката.

Валентин Ејсерик, фудбалерот на Виолетовите, преку социјалните мрежи остро ја искритикува арбитражата на судијата Марко Гида, кој беше во непосредна близина кога се случи спорниот момент, меѓутоа не реагираше.

Ејсерик прво напиша „срамота“ на објавеното видео на „Инстаграм“ токму од моментот кога Ибрахимовиќ го турка противникот, а потоа се огласи:

„Кој сум јас да не почитувам клуб како што е Милан со сјајни фудбалери. Јас сум никој и ништо, но кога се борам за опстанок и пред мене се случува нешто што не е фер-плеј, тогаш ќе се побунам и ќе објавам“, истакна Ејсерик.

Видеото од спорниот момент можете да го видите на следниот ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести