Играч на Хетафе воодушеви со копачките посветени на големиот Коби (фото)

Поминаа три недели од трагедијата во која животот го загубија Коби Брајант заедно со ќерката Џана, како и уште седуммина патници во хеликоптерот вклучувајќи го и пилотот, но целата спортска јавност и натаму на секаков начин се обидува да се прости, односно да испрати последен поздрав до кошаркарската икона.

Еден од фудбалерите на Хетафе, Кенеди, кој е позајмен од редовите на премиерлигашот Челзи, во дуелот против Барселона од изминатиов викенд на теренот се појави со копачки посветени токму на неговиот идол.

На нив преовладуваат жолтата и виолетовата боја, на левата копачка е портретот на Коби, додека на десната пишува негов цитат: „Ако се плашиш да не успееш, сигурно нема да успееш“.

https://www.instagram.com/p/B8o3ZzYqiFo/?utm_source=ig_web_copy_link

- Оглас -

Најнови вести