Играч на Реал бил поканет да игра за Каталонија

Маријано Дијас, напаѓачот на Реал Мадрид, прегу неговиот агент бил повикан да настапи за репрезентацијата на шпанската провинција Каталонија за пријателскиот меч со Венцуела, кој е закажан за понеделник во Жирона. Селекторот Џерард Лопес го контрактирал Маријано, но добил негативен одговор.

Маријано е роден во близина на Бадалона и може да игра за Каталонија, но тој реши да ја одбие поканата. Мајката на Дијаз е од Доминиканската Република, па тој пред неколку години реши да игра за националниот тим на таа земја, но потоа се премисли, чекајќи повик од шпанските селектори. Сепак, бидејќи нема играно официјален меч за Доминиканците, Дијас во иднина би можел да заигра и за Шпанија или Каталонија.

Дијас летоска беше вратен во Реал по позајмицата во Лион, но повредите и недовербата кај тренерите го спречија да биде ефикасна замена за Карим Бензема. Во оваа 2019 година, тој има играно само 49 минути.

Интересно ќе беше да се види дали доколку Каталонците побараа од Реал да го ослободи Маријано за репрезентативни обврски, ќе го пуштеа или ќе тргнеа по стапките на Валјадолид, Рајо Валјекано и Уеска, кои не им дозволија на своите играчи да играат за провинцијата која сака да се оттргне од Шпанија и да се осамостои.

- Оглас -

Најнови вести