Играч од Ватфорд ќе биде замена за Рабио во ПСЖ

ПСЖ веќе започна да бара замена за Адријан Рабио, кој ќе го напушти „Паркот на принцовите“ по крајот на сезоната, откако ќе му истече договорот со клубот. Од таборот на „светците“ не губат време, веќе таргетираа фудбалер кој ќе ја пополни празнината во средината на теренот.

Наводно, францускиот првак се интересира за услугите на Абдулаје Дукуре, играчoт за врска на Ватфорд, кој во последниве две сезони се наметна во првиот тим, додека лани беше избран за најдобар поединец во екипата. Вредноста на дваесет и петгодишниот Дукуре е пресметана на 25 милиони евра, но јасно е дека Ватфорд ќе бара повисока сума, поточно над 30 милиони евра.

Дукуре потекнува од фудбалската академија на Рен, каде што ја доби првата шанса за сениорски фудбал, додека како младинец ги помина сите селекции на Франција. Настапите во дресот на „стршлените“ ги забележа ПСЖ, па очигледно им се допаѓа она што тој го прави на теренот.

- Оглас -

Најнови вести