Играчите и стручниот штаб на Беласица биле нападнати во Скопје

Дуелот од Втората фудбалска лига меѓу Пехчево Скопје и Беласица, кој требаше да се игра на игралиштето на Фортуна, имаше неславен почеток. Од таборот на гостите од Струмица информираат дека биле нападнати веднаш по пристигнувањето на игралиштето, каде требаше да се игра средбата.

Во продолжение во целост ви ја пренесуваме реакцијата на Беласица напишата преку нивниот фејсбук профил.

СКАНДАЛ ВО ВТОРА МФЛ: ФУДБАЛ ИЛИ КИК БОКС ТУРНИР?

Скандал пред почетокот на натпреварот од ВТОРАТА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА помеѓу ФК Пехчево Скопје и ФК Беласица. Во гостинската соблекувална на игралиштето на Фортуна, со нула обезбедување од страна на полициска служба, нашиот тренер и тренерот на голмани беа физички нападнати со тупаници и шлаканици од засега неидентификувани лица, додека кон нашите фудбалери и стручен штаб беа упатени закани дека ќе биде искористено и огнено оружје!!!

Нека биде запознаена македонската јавност дека фудбалот во нашата земја е уште далеку од оној европскиот!

- Оглас -

Најнови вести