Играчите на Ајакс се чудеа на противничкиот голман, а на крајот не ги победија аматерите (Видео)

Најтрофејниот холандски клуб Ајакс веќе започна со подготвителни средби, а по убедливата победа над ХФЦ со 6:0, синоќа гигантот се посрамоти и одигра само 1:1 во дуел со аматерите КВВ Квик 20. Ајакс против овој ривал играше и пред две години и тогаш победи со убедливи 11:2, но сега ситуацијата беше поинаква.

Ајакс водеше со 1:0, но аматерите во второто полувреме успеаја да направат одлична акција и да погодат за 1:1, што се покажа како конечен резултат.

Дуелот го одбележа голманот на аматерскиот тим. Иако се работи за голман кој има поприлично зголемен број килограми, тој успеа да одбрани голем број удари на фаворизираните противници и на крајот КВВ Квик 20 се израдува на ремито 1:1 против четирикратниот европски првак.

 

- Оглас -

Најнови вести