Играчите на Динамо го средија Бразил – една голманска ѕвезда, стрелец и асистент на гол што ги спаси и погодок во „пенал-рулетот“

Пред мечот со Бразил, селекторот на Хрватска, Златко Далиќ на прес конференцијата изјави дека ќе биде многу тешко да се парира на петкратниот светски првак, посебно ако се знае дека Коцкестите во составот имаат играчи од Динамо Загреб, додека јужноамериканскиот тим има супер ѕвезди кои играат во најдобрите клубови.

По мечот со Бразил, токму играчите од Динамо Загреб се хероите на Хрватска. За голманот Доминик Ливаковиќ светот дозна уште по блескавите одбрани на трите пенали во осминафиналето против Јапонија, така да не беше чудно што и против Бразил овој чувар на мрежата блесна и два пати успеа да ја сочува мрежата незатресена.

За да стигне Хрватска до пенали се погрижи офанзивниот довец на Хрватска, Бруно Петковиќ и Мислав Оршиќ. Двајцата влегоа во игра од клупата за резерви и се покажаа како вистински џокери. Оршиќ асистираше, а Петковиќ погоди во 117 минута за 1:1 против Бразил.

Во пенал-рулетот освен Ливаковиќ кој два пати од четири шута на противникот ја сочува мрежата, Оршиќ доби шанса да шутира пенал против Алисон и погоди во четвртата серија која се покажа и како последна на мечот.

Едноставно Хрватска покажува дека и со фудбалери од домашното првенство може да се одлучи дуел од едно четвртфинале на Светско првенство, па дури и ако ривал е Бразил.

 

- Оглас -

Најнови вести