Фудбалерите на Олимпик Марсеј бурно ја прославија победата над ПСЖ во Париз. За Марсеј ова е прв триумф на Светците во лигашки меч од 2011 година наваму. Мечот беше полн со скандали, непризнаен регуларен гол, обвинувања за расизам, тепачка со пет црвени картони, а на крај имаше и огромно славење во соблекувалната на гостинскиот тим.
Дарио Бенедето сподели снимка со која го овековечи историското славење. Треба да се пофали и издржливоста на масите врз кои скокаа играчите. Погледнете што се случуваше:
https://twitter.com/i/status/1305263810975092737