Играчите на Сити се како предатори во заседа (видео)

Манчестер сити во овие моменти има предност од 2-0 на гостувањето кај Кристал палас со погодоците на Габриел Жесус и Давид Силва. Пеп Гвардиола направи драстични промени во формацијата во пресрет на овој меч, постави тројца играчи во одбраната, а ниту еден од избраниците не е класичен стопер.

Кансело, Менди и Фернандињо сево последната линија, што покажува колку Сити е офанзивно настроен и гладен за бодови со цел да ја намали бодовната предност во однос на лидерот Ливерпул. По првите триесетина минути мрежите мируваа на „Селхурст парк“, гостите како предатори во засега го чекаа вистинскиот момент за напад на пленот, а потоа во две минути Кристал палас почна да тоне.

Прво Жесус во 39-тата минута заби со глава по проигрувањето на Бернардо Силва, а веќе во следниот напад гостите имаа отворен простор за уште еден гол, па Стерлинг го разработи капитенот, а Силва без многу мислење зголеми на 2-0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести