Играчите на Спортска прогноза не им веруваат на првопласираните две екипи во Серија А

Петтото коло сезонава на Спортската прогноза, која ја организираат Спорт Манија и Sport Life, нуди интересни парови од топ-лигите, а интересно е што мнозинството прогнозери кои досега типувале, мислат дека моментно првопласираните две екипи во италијанската Серија А, Наполи и Аталанта, ќе бидат поразени.

Аталанта гостува кај Рома, а само 7,7 отсто од прогнозерите типувале триумф на Божицата од Бергамо. Наполи има дерби со Милан во Милано, а скромни 13,8 отсто типувале двојка и победа на Елиф Елмас и другарите.

Прилично мал е процентот и на играчи кои предвиделе победа на Атлетико над Реал во мадридското дерби, а најголема поделба има за дуелот Штутгарт – Ајнтрахт. Тука за кец се изјасниле 32,8, за икс 33,8, а за двојка 33,3 проценти.

Прогнозирањето трае до утре во 15 часот, кога почнува првиот меч од основната понуда, а тоа е Болоња – Емполи. Кај овој пар, огромен фаворит е Болоња, дури 85,4 отсто прогнозери типувале единица.

Секој прогнозер што ќе погоди Тринаесетка, може сам да си го одбере подарокот, а понудата е да се бира меѓу Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет и X Box Series X.

Стандардно како и досега, ќе има награди и за утките, а со две промашувања се добива ваучер од 500 денари во Sport Life, додека за една утка ви следува ваучер од 1.000 денари.

- Оглас -

Најнови вести