Играчите на Спортска прогноза не веруваат дека Македонија може да оди на ЕП

Паузата од клупските настани секогаш е резервирана за репрезентативните дуели. Токму затоа на понудата за ова коло на Спортска прогноза на Sport Life и Спорт Манија доминираат мечевите на националните селекции. Меѓу понудените 13 средби, за нас, секако, најинтересна е Полска – Македонија.

Нашиот национален тим гостува кај Полска, која моментно е лидер во групата со 13 бодови. Полјаците вечерва гостуваат кај Летонија и се големи фаворити за освојување на трите бода, додека Македонија ќе има тешка задача да слави во Скопје против Словенија. Без разлика на вечерашните исходи, Полска е огромен фаворит против Македонија за неделниот дуел.

Иако се верува дека потајно кај македонските навивачи владее оптимизам дека може да се стигне до пласман на ЕП 2020, прогнозите на играчите на Спортска прогноза не го покажуваат тоа. Речиси три четвртини, односно 73 отсто од тие кои досега прогнозирале, очекуваат победа на Полска. Во реми веруваат 17 отсто од играчите на Спортска, додека оптимистички расположени и со верба дека Македонија ќе победи во Полска се само 10 отсто.

Доколку Македонија не успее да освои бодови на гости кај Полска, шансите за место на завршницата на континенталниот собир ќе бидат речиси и никакви, дури и вечерва ако ја победиме Словенија. За тоа во кој состав Македонија вечерва ќе игра против Словенија, прочитајте ТУКА.

Што мислите вие, има ли Македонија шанса кај Полска? Не чекајте и бесплатно прогнозирајте! Освен дуелот Полска – Македонија, во предизвикот за освојување мобилен телефон iPhone XS за да се погоди Среќна 13-ка треба да погодите уште 12 натпревари кои ќе се одиграат во периодот од сабота, 18 часот, до понеделник навечер.

За 12 погодени се добива ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, а 500 денари ваучер од Sport Life е наградата за прогнозерите што ќе имаат 11 погодени парови од основната програма.

Најдобриот прогнозер во Генералниот пласман на крајот на сезоната ќе добие смарт ТВ од 48 инчи, вицешампионот ќе биде награден со 500.000 SL маркет поени, а до петтото место наградите се движат од 400.000 SL маркет поени, потоа 300.000, односно 200.000 за прогнозерот што ќе го затвори кругот во Топ 5.

 

 

- Оглас -

Најнови вести