Играчот кој „собра“ 24 трофеи со Баварците, потврди дека си заминува од клубот

Давид Алаба, еден од клучните фудбалери на Баерн Минхен, потврди дека го напушта германскиот првак по крајот на оваа сезона како слободен играч.

Австрискиот репрезентативец кој може да игра на повеќе позиции по 13 години, одлучи да тргне во нова авантура, односно ќе може да бира каде ќе ја продолжи кариерата, ако се знае дека на маса му стојат понуди од Реал Мадрид, Барселона, ПСЖ, Челзи и гигантите од Манчестер, Сити и Јунајтед.

„Донесов тешка одлука да го напуштам Баерн по 13 години соработка. Благодарен сум им буквално на сите во клубот со коишто работев долги низа години. Баерн е моето семејство. Околу кариерата, уште немам одлучено каде ќе ја продолжам.

Алаба како младинец во 2008 година му се приклучи на германскиот првак, додека по една година дебитираше за првиот тим. Како клучен адут на Баварците, Алаба освои вкупно 24 трофеи во повеќе од 400 настапи во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести