Што му се случи на Адама Траоре? Хитот во Лигата на шампионите преживеа хорор (Видео)

Вчера, на дуелот меѓу Шериф и Реал Мадрид во Лигата на шампионите се случи нов застрашувачки момент на фудбалските терени, а проблеми имаше Адама Траоре.

Играчот на тимот од Тираспол што воодушеви со брзината и фудбалските квалитети и е хит во овој циклус на натпревари, сам без никаков дуел легна на тревата во 78-мата минута со очигледни проблеми со градниот кош.

Медицинските лица веднаш реагираа, а Траоре беше заменет.

Ваквите случаи со проблеми со дишењето, па и срцеви удари на теренот зачестија во последно време.

Кристијан Ериксен, капитенот на данската репрезентација доживеа срцев удар на почетокот на Европското првенство, што се играше ова лето.

На првиот дуел во Копенхаген против Финска, капитенот на Данците самиот падна како покосен на тревникот и, за среќа, беше спасен, иако сцените беа застрашувачки.

Потоа Нигериецот Самуел Калу на дуелот меѓу Марсеј и Бордо во француското првенство на самиот почеток од мечот падна како покосен, но, за среќа, и тој мина без фатални последици.

Слично само пред една седмица му се случи и на Џон Флек, играч на Шефилд јунајтед, на дуелот против Ридинг во Чемпионшип лигата на Англија.

- Оглас -

Најнови вести