Играчот што ја доби 10-ката на Меси потпиша договор со Барселона до 2027 година

Ансу Фати останува верен на Барселона до 2027 година. Ова и официјално го објави Барселона на својот сајт. Тинејџерот кој ја доби довербата од оваа сезона да ја носи „10-ката“, која го години наназад беше резервирана за Лионел Меси, реши да остане меѓу Каталонците.

Фати има само 18 години и според многумина тој е иднината на Барселона. Доколку некој сака да го купи Фати пред истекувањето на договорот, ќе мора да плати неверојатна сума од една МИЛИЈАРДА евра.

- Оглас -

Најнови вести