Играчот за врска на Реал Мадрид, сам побарал од Арбелоа да биде исфрлен од тимот

Шпанскиот играч од средниот ред Дани Себаљос ќе го напушти Реал Мадрид ова лето. Себаљос не беше опција за играч во стартниот тим кај тренерот Алваро Арбелоа, па поради тоа во последните неколку недели нивниот однос се расипа.

Себаљос влезе во конфликт со Арбелоа, па сега едноставно тие немаат никаков контакт и соработка. Во четвртокот, двајцата имале непријатна средба во просториите на клубот, која ја иницирал самиот Себаљос со цел да се реши проблемот што го има.

По жестокиот разговор со тренерот, Себаљос се врати кај своите соиграчи и им соопштил дека побарал Арбелоа да го исфрли од тимот.

„Го замолив Арбелоа повеќе да не разговара со мене“, наводно рекол Себаљос. Тој исто така нагласил дека не сака оваа ситуација негативно да влијае на остатокот од тимот. Секако, раководството на клубот одлучи да застане зад тренерот Арбелоа и да го поддржи во оваа ситуација, а Себаљос дефинитивно е „поранешен“.

Себаљос има 29 години, започна во Бетис, а подоцна играше за Арсенал, за потоа да дојде на позајмица во Реал Мадрид и тука остана. Дресот на Реал Мадрид го носеше 214 пати, а за шпанската репрезентација има одиграно 13 натпревари и постигнато три гола.

- Оглас -

Најнови вести