Играше на Европско и Светско првенство, бранеше и против Барселона, а сега е уапсен поради криумчарење Кинези

Некогашниот репрезентативен голман на Словенија, Дејан Немец, е уапсен во Хрватска поради криумчарење луѓе. Немец е приведен во склоп на големата акција на полицијата во Хрватска и се сомничи дека е дел од групата која за пари пренела 14 Кинези од Босна и Херцеговина во Хрватска.

Немец, кој има 46 години, беше дел од репрезентацијата на Словенија на Европското првенство во 2000 година, како и на Светското првенство 2002 година, кога бранеше на дуелот против Хондурас.

На клупски план бранеше за Бриж, со кого играше и во групната фаза од Лигата на шампионите, каде што еден од ривалите им беше и Барселона. Немец со тимот на Домжале беше првак на Словенија, а има брането и за тимот на Мура.

- Оглас -

Најнови вести