Играше за Милан и за Италија на СП 2014, а сега потпиша за третолигаш

Алесио Черчи е играч кој може да се пофали дека во кариерата играше за Милан, Рома, Фиорентина, Торино и Атлетико Мадрид, поради што доби доверба да биде дел и од италијанската репрезентација. Офанзивниот играч има 14 настапи за Италија, а беше дел и од националниот тим за време на Светското првенство во Бразил во 2014 година.

Сепак, кариерата на Черчи вртоглаво падна, па од Верона и Анкарагучу, лани играше за Салернитана. Од денеска, Черчи ќе го носи дресот на Арецо, тим кој игра во Серија Ц, односно третата по ранг лига во Италија. Черчи сега има 33 години, но тоа не значи дека доколку го имаше потребниот квалитет, дека немаше да игра во Серија А.

Едноставно за Черчи остануваат само добри спомени тоа што му се случуваше во кариерата пред неколку години, а сега ќе игра на многу пониско ниво.

 

- Оглас -

Најнови вести