Играше заедно со Руни во Евертон, а сега е осуден на доживитен затвор

Ли Тие важи за една од најголемите фудбалски ѕвезди во Кина. Тој е фудбалерот кој пред повеќе од 20 години успеа да замине во Европа и потпиша за тимот на Евертон во Англија. Со овој потег, тој успеа да го „скрши мразот“ и да го отвори патот на многу фудбалери од Азија кон Европа.

Дефанзивниот играч за врска има и 92 меча за репрезентацијата на Кина, а по завршување на играчката кариера, тој две години во периодот од 2019 до 2021 година беше и предводник на селекцијата на Кина.

Овој прославен фудбалер, сега доживеа неславен крај, откако беше осуден на доживотен затвор поради примање и нудење мито, како и за местење фудбалски натпревари.

Ли призна дека платил повеќе од 350.000 евра за да биде назначен за селектор на Кина, а призна и дека одиграл улога во скандалот со наместенни мечеви во дел од кинеските клубови.

„Многу ми е жал. Требаше да ја држам главата доле и да го следам вистинскиот пат. Постоеја некои работи кои во тоа време во фудбалот делуваа како вообичаена пракса“, рече Тие откако ја слушна пресудата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести