Игрите на голови се добитната комбинација за понеделничкиот предлог-тикет (Фото)

1037 Нотс каунти – Салфорд сити (16:00)

Нотс каунти и Салфорд сити играат меч на „Вембли“ во Лондон за пласман во повисок ранг, односно во третата англиска лига. На вакви натпревари тешко е да се каже кој е фаворит, па токму затоа предлогот е да се одигра на голови.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.13)

 

1801 Падерборн – Волфсбург (20:30)

Падерборн и Волфсбург ќе решаваат за место во германската Бундеслига, откако првиот меч заврши без голови, 0-0. Слично се очекува да биде и вечерва, тврдо и без многу голови, а очекувањата се дека и еден погодок може да биде одлучувачки.

Предлог тип: 0-1I&1-2II (2.23)

 

1901 Рапид Виена – Рид (17:00)

Рапид Виена и Рид го играат финалниот меч за пласман во Конференциската лига, а предност од првиот натпревар имаат гостите, кои како домаќини победија со 2-1. Слични се очекувањата и за вечерниот дуел, бидејќи за да биде добитка квотата од 2.35 потребни се најмалку три гола, но распоредени во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ и 3+ (2.35)

 

1250 Сент Мирен – Партик тистл (21:00)

Плеј-оф за опстанок/пласман се игра и во Шкотска, а таму се среќаваат Сент Мирен и Партик тистл. На првиот меч немаше победник и заврши 1-1, па се ќе се решава на теренот на екипата која се бори за опстанок. Се очекува да нема промени и Сент Мирен да остане премиерлигаш, а очекувањата се дека во Пеисли ќе има и голови.

Предлог тип: 1Х&1+I1+II (2.17)

 

2627 Норкопинг – Естерс (19:05)

Во втората шведска лига се играат натпреварите од деветтото коло, а по осум меча Норкопинг и Естерс имаат по 11 бода. Сепак, домашните се фаворити и од нив се очекува да победат, а нивна страна е и традицијата, која вели дека од денешниот противник немаат пораз преку 20 години, односно од 2005 година.

Предлог тип: 1 & Т1 2+ (1.89)

- Оглас -

Најнови вести