Икарди ја изненади Ванда за 8-ми Март со нов имиџ (Фото)

Искусниот аргентински напаѓач Маур Икарди, ја бојадиса косата во розева боја и со тоа сакаше да ја изненади сопругата Ванда за Меѓународниот ден на жената, 8-ми Март, а сподели и емотивна порака преку социјалните мрежи.

Голгетарот на Галатсарај со својата нова фризура, на фотографијата што ја сподели со Ванда на својот Инстаграм профил напиша:

„До жената која секој ден ми го исполнува со својата безусловна љубов, на жената која ми подари две прекрасни принцези, мојата придружничка, мојата доверлива и љубовта на мојот живот! Ти честитам денес и секогаш“.

- Оглас -

Најнови вести